Терористички напади во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија

Внимание привлече тоа што овие терористички напади се случија кусо време по вчерашната порака на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за реализација на операција во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија

1106199
Терористички напади во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија

Во два бомбашки терористички напади во населените места Баб и Чобанбеј во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, животот го загубија двајца цивили, а десетици цивили се ранети.

Според добиени информации од локални извори, првиот напад беше извршен со возило натоварено со бомби во близина на зградата на поштата во центарот на населеното место Чобанбеј во северниот дел на Сирија во непосредна близина на границата со Турција.

Во овој напад беа ранети 20 цивили.

Веднаш по оваа експлозија во Чобанбеј, беше експлодирано возило-бомба и во областа населена претежно со цивили позната по името Џами Кебир т.ј. Голема Џамија, во центарот на населеното место Баб, на приближно 20 километри од границата на Турција.

Според првични информации во нападот загинаа двајца цивили, а 10 мина цивили се ранети.

Екипите за цивилна одбрана (Белите баретки) кои пристигнаа на местото на нападот веднаш ги започнаа работите за пребарување и спасување.

Во нападот беа оштетени и околните возила и згради.

Полициските сили ги зголемија безбедносните мерки, а ранетите беа префрлени во болница.

Екипите кои започнаа истражување на местото на нападот стојат на можноста дека нападот е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Внимание привлече тоа што овие терористички напади се случија кусо време по вчерашната порака на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за реализација на операција во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија.  

Имено, претседателот Ердоган во говорот што го одржа вчера на Самитот на турската одбранбена индустрија рече: „Рековме и велиме дека за неколку дена ќе ја започнеме нашата операција за спасување на источниот дел на реката Еуфрат од сепаратистичко-терористичката организација.“

 



Слични вести