Мајк Помпео: Воведената санкција против 21'от саудиски функционер е доволна за Саудијците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео застана во одбрана на тоа дека воведената санкција против 21 садуски функционер кои се замешани во убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги) е доволна за Саудијците

1105805
Мајк Помпео: Воведената санкција против 21'от саудиски функционер е доволна за Саудијците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на телевизискиот канал „Фокс Њуз“ кој што е познат по блискоста до управата на претседателот Доналд Трамп изнесе проценки во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Помпео застана во одбрана на тоа дека воведената санкција против 21 садуски функционер кои се замешани во убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги) е доволна за Саудијците.

Водителката Ензли Ерхарт која го угости американскиот државен секретар Мајк Помпео во актуелната програма „Фокс и другарите“ потенцираше дека убиството врз новинарот Кашикчи (Кашоги) е извршен на ѕверски начин и дека некои мора да платат сметка за тоа. 

На овие зборови на водителката, Помпео застана во одбрана на тоа дека воведената забрана за влез во САД и економската санкции врз 21'от саудиски функционер кои се замешани во убиството на Кашикчи (Кашоги) претставува доволна казна за Саудијците.

„Саудијците ионака ја платија сметката“, - рече Помпео и продолжи со следните зборови: „Постојат луѓе кои навистина се замешани во убиството и ионака нив ги сметаме за одговорни. Ќе продолжиме да го правиме тоа. Никој не го омаловажува ова ужасно убиство. Меѓутоа, не заборавајте, Иран брзо се шири на Блискиот исток. Убиството на било кој човек е ужасно, меѓутоа исто така е ужасно и убиството на стотици илјади луѓе во Европа, на Блискиот исток и во САД. Претседателот Трамп е одлучен да ги брани САД.“

Од друга страна, вториот водител на телевизиската програма Брајан Килмијд до американскиот државен секретар Мајк Помпео го постави прашањето „Додека го гледаше в очи Бин Салман ти го знаеше тоа нели?“, но Помпео избегна да изнесе било каков коментар на ова прашање.

До Помпео беше упатено и прашање во врска со извештајот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во однос на тоа дека наредбата за убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ја издал саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман, меѓутоа тој го демантираше ваквиот извештај на ЦИА чиј воедно беше и поранешен директор и наведе дека некои извештаи по ова прашање не се точни.

 



Слични вести