Во вооружен напад во Стразбур, во Франција загинаа 4 лица, а 11 лица се ранети

Вооружен напаѓач изврши напад во едно од најпрометните места на францускиот град Стразбур при што животот го загубија 4 лица, а 11 лица се ранети

1105167
Во вооружен напад во Стразбур, во Франција загинаа 4 лица, а 11 лица се ранети
Strazburg.jpg
strazburg strasbourg saldiri 2.jpg
strazburg strasbourg saldiri 3.jpg
strazburg strasbourg saldiri 9.jpg
strazburg strasbourg saldiri 7.jpg
strazburg strasbourg saldiri 6.jpg

Во вооружен напад во градот Стразбур во Франција животот го загубија 4 лица, а 11 лица се ранети.

Во објавените вести во францускиот печат се истакнува дека од областа во близина на Божиќниот пазар поставен во Place Klebe, едниот од познатите плоштади на градот Стразбур се слушнале истрели од оружје.

Губернијата на Бас-Рин соопшти дека во случајот животот го загубиле 4 лица, а 11 лица биле ранети.

Губернијата соопшти дека напаѓачот чиј идентитет бил установен избегал,  дека секаде се трагало по него и дека се стои на можност од терористички напад.

Како што се вели, 29 годишниот напаѓач по име Фиш С. роден во Франција се наоѓал меѓу лицата по кои се трагало и пред да избега бил ранет од страна на војниците.

Како што се наведува вчера наутро бил извршен упад и претрес во домот  на напаѓачот поради друго извршено кривично дело, но притоа не можел да биде пронајден и во зградата биле пронајдени експлозивни направи од рачна изработка.

 



Слични вести