Почина 4 годишното палестинско дете кое во петокот беше рането од страна на израелските војници

Почина 4 годишниот Ахмед Јасир Сабри Ебу Абид кој за време на мирољубивите протести во петокот минатата недела на источната граница на градот Хан Јунус на југот на Појасот Газа беше ранет со куршум на израелските војници

1105321
Почина 4 годишното палестинско дете кое во петокот беше рането од страна на израелските војници

За време на интервенцијата на израелските војници на мирољубивите протести „Големиот марш за враќање“ на границата на окупираниот Појас Газа, животот го загуби едно 4 годишно палестинско дете кое за време на протестите во петокот беше рането и се наоѓаше на лекување во болница.

Портпаролот на палестинското министерство за здравство во Газа Ешреф ел-Кудра во објавеното писмено соопштение истакна дека почина 4 годишниот Ахмед Јасир Сабри Ебу Абид кој за време на мирољубивите протести во петокот минатата недела на источната граница на градот Хан Јунус на југот на Појасот Газа беше ранет со куршум на израелските војници.

Палестинците од 30 март одржуваат мирољубиви протести под името "Големиот марш за  враќање" на границата меѓу Израел и Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада.

Израелските војници пак, пукаат со вистински куршуми врз цивилниот народ кој бара да се врати назад на своите територии од кои беше прогонет и да биде укината незаконската блокада врз Газа која што се применува од 2006 година.

Во интервенциите на изралските војници врз цивилите кои од 30 март продолжуваат да одржуваат мирољубиви протести досега се убиени повеќе од 220 Палестинци.

 



Слични вести