Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 4 лица, а 6 лица се ранети

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш истакна дека во самоубиствен напад со возило натоварено со бомби врз конвој на безбедносните сили во близина на главниот град Кабул загинаа 4 лица, а 6 лица се ранети

1104486
Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 4 лица, а 6 лица се ранети

Во извршен самоубиствен напад врз конвој на безбедносните сили во населеното место Пагман кај главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа 4 лица, а 6 лица се ранети.

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш истакна дека цел на самоубиствениот напаѓач со возило натоварено со бомби бил конвој на безбедносните сили кој што поминувал од населеното место Пагман кај главниот град на Кабул.

Велејќи дека притоа во самоубиствениот напад загинале 4 лица, Даниш додаде дека во нападот воедно и 6 лица биле ранети.

Засега не се соопштени идентитетите на загинатите и ранети во самоубситвениот напад, а воедно досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести