Путин и Меркел разговараа телефонски за руско-украинската затегнатост

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа телефонски за руско-украинската затегнатост во Азовското Море

1104989
Путин и Меркел разговараа телефонски за руско-украинската затегнатост

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел остварија телефонски разговор посветен на затегнатоста помеѓу Русија и Украина во Азовското Море.

Во објавеното писмено соопштение од Кремљ  се истакнува дека во телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери станало збор за затегнатоста до која што дојде неодамна помеѓу Русија и Украина, во Керченскиот проток, во Азовското Море.

Двајцата лидери постигнаа согласност дека намалувањето на затегнатоста во Азовското Море и Црното Море е во полза и на двете земји.

Како што се вели освен тоа Путин и Меркел се консултирале и во врска со сириската криза.

Двајцата лидери направиле проценка и на повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ).

 



Слични вести