Пашинјан: Ние сме спремни да воспоставиме директна врска со Турција без изнесување предуслови

Победникот на одржаните предвремени парламентарни избори во Ерменија на крајот на неделата и привремен премиер Никол Пашинјан рече: „Како што реков низа пати и претходно ние сме спремни да воспоставиме директна врска со Турција без изнесување предуслови“

1104348
Пашинјан: Ние сме спремни да воспоставиме директна врска со Турција без изнесување предуслови

Победникот на одржаните предвремени парламентарни избори во Ерменија на крајот на неделата и воедно привремен ерменски премиер Никол Пашинјан во владината зграда се состана со новинарите каде што одговараше на нивните прашања.

На едно новинарско прашање Пашинјан рече: „Како што реков низа пати и претходно ние сме спремни да воспоставиме директна врска со Турција без изнесување предуслови. Се надевам дека и Турција е спремна за тоа.“

Велејќи „Нашите односи со Турција се поврзани со проблемот со Нагорно Карабах“, Пашинјан истакна дека перцепцијата кон врската помеѓу Ерменија и Азербејџан влијае и на врската помеѓу Турција и Ерменија.

Пашинјан се осврна и на прашањето Нагорно Карабах кое се наоѓа под ерменска окупација при што истакна дека ова прашање се наоѓа на светскиот дневен ред и е меѓу приоритетните прашања и за него.

„Се надеваме дека ќе го решиме овој проблем. Го браниме силно мирољубивото решение“, - рече Пашинјан и воедно застана во одбрана на тоа дека проблемот со Нагорно Карабах не може да се реши без да им се признае правото на самоуправа на оние кои живеат на тие територии.

Никол Пашинјан кој на одржаните парламентарни избори на крајот на неделата со Блокот „Мој чекор“ под негово водство освои 70,4 насто од гласовите на ерменските бирачи, објасни каква надворешна политика ќе следи за време на неговата власт и притоа потсети дека неговата земја е во традиционално добри односи со Русија и дека истовремено е партнер со Европската унија (ЕУ) и е членка на Советот на Европа.

„Не сме под никакво влијание“, - наведе Пашинјан и велејќи дека односите на Ерменија со НАТО продолжуваат рече: „Меѓутоа, немаме намера да станеме членка на НАТО.“

На едно поставено новинарско прашање во однос на тоа дали американските санкции ќе влијаат на односите на неговата земја со Иран , Пашинјан напомена дека Иран е соседна земја од животно значење за Ерменија, а воедно додаде дека приоритет во наредниот период ќе биде „економската револуција“.

 



Слични вести