Макрон: Постои длабок и оправдан гнев, ќе прогласам вонредна економска и социјална состојба

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека во земјата постои длабок и оправдан гнев и најави дека ќе прогласи вонредна економска и социјална состојба и ќе бидат покачени платите на оние кои земаат плата испод 2000 евра

1104267
Макрон: Постои длабок и оправдан гнев, ќе прогласам вонредна економска и социјална состојба

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера вечер ја соопшти својата изјава во врска со "Жолтите елеци" која се очекуваше со заинтересираност.

Велејќи „Во земјата постои длабок и оправдан гнев“, Макрон рече: „Ќе прогласам вонредна економска и социјална состојба. Ќе бидат покачени платите на оние чии примања се испод 2000 евра.“

Емануел Макрон соопшти дека почнувајќи од месец јануари минималната плата ќе биде покачена за 100 евра, а истото им го препорача и на претставниците на приватниот сектор.

„Знам дека со она што го кажав претходно ги навредив луѓето", - рече Макрон и продолжи со следните зборови: „Видовме дека животот на луѓето во последните 40 години се влошува. И тоа сѐ уште продолжува. Ја признавам мојата одговорност по ова прашање. Ние заостанавме од ослонување на овој проблем во последната една и пол година. Ви дадов впечаток дека имам други поразлични приоритети.“

Велејќи дека никако не може да ги опрости насилствата за време на протестите, Макрон напомена дека никој гнев не може да го оправда насилството врз полицијата и дека треба да завладее спокојството.

„Се наоѓаме на историска пресвртница и проблемот ќе го решиме со дијалог“, рече Емануел Макрон и додаде: „Не го заборавив она што го кажав кога ја истакнав мојата кандидатура. Сакам нашите деца во Франција да живеат подобар живот од нас.“

Макрон напомена дека постои потреба од длабока државна реформа и дека за тоа му се паѓаат значајни задачи и на народот.

Францускиот претседател Емануел Макрон пред овие негови изјави во живо преку телевизијата, се состана со претставниците на синдикатите за изнаоѓање решение за „кризата“ за која што беа причина жолтите елеци кои 4 недели како одржуваат протести.

Макрон се состана со голем број претставници на синдикатите на работниците и службениците.

Претходно францускиот министер за труд Мируел Пеникауд истакна дека  претседателот Макрон ќе даде значајни изјави кои ќе го смират „гневот“ на жолтите елеци.   

Инаку, протестите на „Жолтите елеци“ кои започнаа на 17 ноември во знак на реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови, потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Макрон и прераснаа во најсилни протести во последните години во Франција.

Претходно беше соопштено дека е откажано поскапувањето на горивото за 2019 година за што протестираа „Жолтите елеци“, меѓутоа демонстрантите тоа не го оценија за доволно и соопштија дека ќе продолжат со протестите.

 



Слични вести