Коалицијата за борба против ДЕАШ погоди болница кај градот Деир ез-Зор во Сирија

Во објавеното писмено соопштение од коалицијата предводна од САД за борба против терористичката организација ДЕАШ се истакнува дека погодената болница на 9 декември била користена од страна на силите на ДЕАШ за реализација на напади

1104721
Коалицијата за борба против ДЕАШ погоди болница кај градот Деир ез-Зор во Сирија

Коалицијата предводена од САД за борба против ДЕАШ соопшти дека била погодена болница во населеното место Хеџин кај градот Деир ез-Зор во Сирија.

Во објавеното писмено соопштение од коалицијата се истакнува дека погодената болница на 9 декември била користена од страна на силите на ДЕАШ за реализација на напади.

Полковник Боб Менинг, портпаролот на американскиот државен секретаријат (Пентагон), на одржаната редовна дневна прес-конференција рече: „Искористувањето на болниците е неприфатливо и тоа претставува стандардна тактика која што се употребува од страна на ДЕАШ.“

Менинг не даде информации во врска со тоа дали во погодената болница има цивилни загуби.

Инаку, коалицијата предводена од САД и во месец октомври бомбардираше неколку џамии во градот Деир ез-Зор и притоа во овие напади животот го загубија десетици цивили.

Така локални извори соопштија дека коалицијата на 22 октомври ја погоди џамијата Зевије во населеното место Хеџин и дека во овој напад загинаа 7 цивили.

Американскиот полковник Боб Менинг истакна дека наведената џамија била цел на напад, но притоа повторно не даде било какви информации во врска со цивилните загуби.

Локални извори соопштија дека коалиционите сили извршиле воздушен напад на место за курс за учење куран во населеното место Хеџин и на 21 октомври и дека во овој напад животот го загубиле 6 цивили.

Коалиционите сили и на 19 октомври извршија напад на џамијата Осман бин Афан за време на петочната молитва, т.ј. џума намаз, и притоа загинаа 16 цивили.

Воедно и во извршениот напад на џамијата Амар бин Јасер завчера во истото населено место животот го загубија 30 цивили од кои 2 деца.  

Од друга страна се вели дека и во минатонеделните воздушни и копнени напади на коалиционите сили предводени од САД врз населеното место Хеџин животот го загубија 25 цивили.

 



Слични вести