Тимерманс: Критикувањето на израелската влада не претставува антисемитизам

Првиот потпретседател на Европската комисија (ЕК) Франс Тимерманс истакна дека критикувањето на израелската влада не претставува антисемитизам

1104248
Тимерманс: Критикувањето на израелската влада не претставува антисемитизам

Првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс во главниот град на Белгија, Брисел, одржа состанок за претставниците на печатот на тема "Антисемитизмот и фундаменталните права".

Тимерманси истакна дека критикувањето на работата на израелската влада не претставува антисемитизам (непријателство кон Евреите).

Франс Тимерманс напомена дека решението со две држави помеѓу Израел и Палестина и изградбата на незаконски населби од страна на Израел се поставуваат на дневен ред од страна на меѓународната заедница.

"Оние кои тврдат дека моите критики се инспирирани од антисемитизмот никогаш не ќе можат да ме спречат да ја критикувам работата на израелската влада, бидејќи ова нивно тврдење е целосно нелогично." - рече Тимерманс.

Нагласувајќи дека неприфатливо е тоа што при секое критикување на работата на израелската влада од негова страна се оценува како антисемитизам, првиот потпретседател на Европската комисија (ЕК) Франс Тимерманс додаде дека секој има право да ја критикува израелската влада.

 



Слични вести