Чавушоглу ја критикуваше прекумерната употреба на сила врз демонстрантите во Франција

Секако дека сме против вандализмот, но исто така употребата на прекумерна сила од страна на полицијата претставува пример и поука

1103650
Чавушоглу ја критикуваше прекумерната употреба на сила врз демонстрантите во Франција

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека прекумерната употреба на сила од страна на полицијата врз протестите на „жолтите елеци“ претставува пример и поука.

Во говорот на свеченото доделување на Наградите за печат и фото натпреварот Хасан Озкај, министерот Чавушоглу се осврна на протестите во Франција.

Чавушоглу рече дека на протестите во саботата во Франција беа приведени над 1200 лица. Турција никогаш не го поддржува вандализмот, но исто така кога станува збор за вандализам, тогаш Турција силно ги поддржува печатот, невладините организации, политичарите на земјата во кои се одржуваат немилите случувања.

„Од снимките и фотографиите имаме можност да видиме дека повремено протестите ги надминуваат целите. Секако дека сме против вандализмот, но исто така употребата на прекумерна сила од страна на полицијата претставува пример и поука. Исто така за пример е и ставот на ЕУ и европските земји наспроти прекумерната употреба на сила. Ставот на медиумите пак претставува вистинска катастрофа. Токму затоа ние тоа го нарекуваме „двоен стандард“. Ние овој вид на однесување го нарекуваме лицемерие. Како запад го оценува тоа. „Солидарност“. За што велат „солидарност“. За земја членка на ЕУ, за соседна земја. Велат дека „треба да се покаже солидарност“.

Министерот Мевљут Чавушоглу посака што побрзо да се окончаат случувањата.

Стабилноста на оваа земја е значајна и за Турција.

„Ако направиме проценка на ситуацијата, тогаш можеме да кажеме дека Европскиот континент во споредба со светот и натаму продолжува да важи за еден од најстабилните, најбезбедните и најдоверливите како и економски најразвиен континент. Секако дека и ние сакаме оваа ситуација да продолжи и уште повеќе да се напредува, бидејќи е и во наша корист“ рече министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.



Слични вести