На вчерашните протести во Франција учествуваа 125 илјади лица, а се притворени 974 лица

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер истакна дека во нередите до кои што дојде за време на вчерашните протести ширум земјата на кои учествуваа 125 илјади лица се притворени 974 лица, а 118 лица се повредени од кои 17 полицајци

1103149
На вчерашните протести во Франција учествуваа 125 илјади лица, а се притворени 974 лица

Протестите на "Жолтите елеци" кои започнаа на 17 ноември во знак на реакција против поскапувањето на цените на горивото во Франција, а потоа се преобразија во гнев против францускиот претседател Емануел Макрон и неговата управа, вчера повторно доведоа до нереди и хаос на улиците на главниот град Париз и во другите градови ширум земјата.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер на одржаниот состанок за претставниците на печатот истакна дека во нередите до кои што дојде за време на вчерашните протести ширум земјата на кои учествуваа 125 илјади лица се притворени 974 лица, а 118 лица се повредени од кои 17 полицајци.

И покрај повииците на француската влада за откажување напротестите и претходните изјави во врска со откажувањето на поскапувањето на цените на горивото за наредната година, „Жолтите елеци“ вчера повторно излегоа масовно на улиците во целата земја на чело со главниот град Париз, а во знак на изнесување на своите реакции против управата на францускиот претседател Емануел Макрон и политичките и економските политики на власта.

Демонстрантите вчера наутро уште од 07:00 часот почнаа да се собираат на Авенијата Шанз-Елизе, едниот од симболите на главниот град Париз.

Полицијата им дозволи на демонстрантите да влезат во Авенијата по извршените претреси.

"Жолтите елеци" извикуваа слогани "Макрон оставка" при што повремено дојде до тензични моменти со полицијата.

И покрај повиците на безбедносните сили за воздржаност "Жолтите елеци" во пладневните часови влегоа и во околните улици каде што по тесните улици фрлаа со камења и шишиња врз полицијата, а запалија и голем број возила.

По улиците повремено дојде до зголемување на тензијата помеѓу полицијата и "Жолтите елеци" поради што во областа беа испратени дополнителни полициски оклопни возила.

Демонстрантите протестираа и на други различни места во главниот град Париз, како што беа местата Република и Опера, каде беа ограбени голем број продавници и беше причинета штета по околината.

Поради протестите во голем број градови ширум Франција на чело со главниот град Париз, голем број улици беа затворени за сообраќај.

Ширум земјата беа ангажирани 89 илјади полицајци, а во главниот град Париз беа на задача 8 илјади полицајци и 12 оклопни возила.

Поради протестите беа спуштени ролетните на продавниците и рестораните на Авенијата Шанз-Елизе. Исто така беа затворени и музеите во околината на Шанз-Елизе, а беа откажани и програмите во зградите на оперите Гарние и Бастил.

Одложен е и фудбалскиот натпревар за кој што беше планирано да се одигра утре во главниот град Париз во Првата фудбалска лига на Франција помеѓу  Париз Сен-Жермен (ПСГ) и Монпелје.

Беа затворени за посета и Ајфеловата кула и  Триумфалната капија која беше оштетена за време на минатонеделните протести, кои се наоѓаат меѓу симболите на Париз.

Поради протестите беа затворени и некаде околу 30 метро станици во Париз.

Демонстрациите на "Жолтите елеци" како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември, потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Емануел Макрон и на крајот прераснаа во најсилни протести во последните години во оваа земја.

Демонстрантите бараат од францускиот претседател Емануел Макрон да ги намали даноците на горивото и да ги подобри економските услови во земјата.

На минатонеделните протести на 1 декември кои што беа одржани на Авенијата Шанз-Елизе и во околината во главниот град Париз и на кои учествуваа илјадници лица полицијата интервенираше остро врз демонстрантите, на улиците беа запалени возила и контејнери за отпад, беа ограбени работните места, беа употребени звучни бомби и солзавец, се крена огин и чад од улиците и владееше хаос во францускиот главен град Париз.

Потоа француската влада соопшти дека се откажува од поскапување на горивото во текот на 2019 година , меѓутоа "Жолтите елеци" застанаа во одбрана на тоа дека тоа не е доволно и соопштија дека ќе продолжат со протестите.

 



Слични вести