СБ на ОН ги разгледува тестовите на балистичките ракети на Иран

Карен Пирс постојаната претставничка на Британија во СБ на ОН рече дека ракетните тестови на Иран се косат со резолуциите на СБ на ОН.

1100711
СБ на ОН ги разгледува тестовите на балистичките ракети на Иран

СБ на ОН свика вонредна седница на која ја разгледува програмата за ракети на Иран која земја се обвинува за вршење тестови со балистички ракети.

На барање на Британија и Франција, на затворената седница на СБ на ОН беа разгледани тврдењата во врска со ракетните тестови на Иран. САД повика на осуда на Иран поради ракетните тестови.

Ники Халеј, постојаната претставничка на САД во ОН го изнесе ставот дека Иран ги прекршува резолуциите на СБ на ОН, поради што во писменото соопштение пред состанокот потенцираше на опасноста и загриженоста од последните тестови на балистичките ракети, повикувајќи на осуда на провокативните тестови на ракетите на Техеран.

Карен Пирс постојаната претставничка на Британија во СБ на ОН рече дека ракетните тестови на Иран се косат со резолуциите на СБ на ОН.

Францускиот амбасадор Франсоа Делатре ја изнесе истата загриженост до Британија и повика на суспендирање на сите активности на Иран во врска со балистичките ракети.

Иран во соопштението што го објави со посредство на постојаното претставништво во СБ на ОН ги демантираше наводните тврдења за употреба на нуклеарна боева глава во ракетите и дека Техеран не ги прекрши резолуциите на СБ на ОН.



Слични вести