Повик од француската влада до демонстрантите да не одржат протести

Демонстрантите претежно се состојат од граѓани кои поради високите кирии во градските центри беа принудени да се населат во руралните подрачја

1100608
Повик од француската влада до демонстрантите да не одржат протести

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер упати повик до демонстрантите „жолти елеци“ кои излегоа на улиците во знак на протест против поскапувањето на бензинот и подобрувањето на влошените економските услови, да не одржат протести во сабота.

Кастанер во говорот во парламентот од демонстрантите „жолти елеци“ кои излегоа на улиците побара да не одржат протести против поскапувањето на бензинот и подобрувањето на економските услови.

Кастанер во говорот во Сенатот од „жолтите елеци“ побара да не одржат нови протести во Сабота во Париз.

„Жолтите елеци“ не треба да применуваат насилство за време на протестите рече Кастанер потенцирајќи дека оваа група се разликува од оние во минатото.

Протестите на „жолтите елеци“ во Франција кои започнаа на 17 ноември против поскапувањето на бензинот и влошувањето на економските услови, прераснаа во најсилни протести во последните години во земјата.

Демонстрантите кои претежно се состојат од граѓани кои поради високите кирии во градските центри беа принудени да се населат во руралните подрачја, од претседателот Емануел Макрон и владата бараат да се намали даночната стапка на горивото и да се подобрат влошените економски услови.

На последните протести што се одржаа на 1 декември во околината на париската авенија Шанзелизе и на кои учествуваа илјадници демонстранти, острата интервенција на полицијата предизвика демонстрантите да ги запалат возилата и кантите за смет по улиците, да ги ограбат деловните простори, експлозии на звучни бомби со почести интервали и кревање на пламените на опожарените места, поради што градот се претвори во хаос.

Голем број ресторани, кафетерии и продавници  во околината на Шанзелизе, како последица на протестите беа принудени да ги затворат ќепенците поради што беше предизвикана материјална штета од околу 4 милиони евра.



Слични вести