Кремљ: Постигнат договор со Турција и Германија за одржување на втор четворен самит за Сирија

„Се договоривме со Ердоган и Меркел во однос на тоа дека доколку затреба би можел да се одржи нов форум со учество на Путин, Ердоган, Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон“, - рече советникот во Кремљ за надворешни работи Јуриј Ушаков

1100785
Кремљ: Постигнат договор со Турција и Германија за одржување на втор четворен самит за Сирија

Советникот во Кремљ за надворешни работи Јуриј Ушаков соопшти дека рускиот престеадтел Владимир Путин се договорил со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел по прашањето на одржување на втор четворен самит посветен на Сирија. 

„Се договоривме со Ердоган и Меркел во однос на тоа дека доколку затреба би можел да се одржи нов форум со учество на Путин, Ердоган, Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон“, - рече Ушаков.

Првиот четворен самит посветен на Сирија се одржа на 27 октомври во дворецот Вахдеттин во Истанбул со учество на рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и домаќинот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести