Американскиот сенатор Грахам: „Принцот престолонаследник Салман е соучесник во убиството на Кашикчи

Американскиот сенатор Линдзи Грахам по одржаната седница во Сенатот на која директорката на Хаспел се состана со ограничен број сенатори, изјави за новинарите дека саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман е соучесник во убиството на Кашикчи

1100714
Американскиот сенатор Грахам: „Принцот престолонаследник Салман е соучесник во убиството на Кашикчи

Републиканскиот сенатор на САД Линдзи Грахам кој присуствуваше на седницата во Сенатот на која учествуваше директорката на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џина Хаспел, рече: „Завршено е со саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман. Мислам дека е соучесник во највисок можен степен во убиството на Кашикчи (новинарот Кашоги).“

Сенаторот Линдзи Грахам, по одржаната седница во Сенатот која беше затворена за медиумите и на која директорката на ЦИА Хаспел се состана со ограничен број сенатори, даде изјава за претставниците на печатот.

Велејќи дека она што го слушнал внатре го зајакнало неговото убедување во однос на тоа дека „принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман е одговорен во убиството на Кашикчи“, Грахам напомена дека по ова прашање треба да се презентира силен став во американскиот Конгрес. 

Американскиот сенатор Линдзи Грахам ја изнесе следната констатација: „завршено е со принцот престолонаследник Мухамед бин Салман. Не мислам дека Тој би бил доверлив партнер за САД. Додека Тој е на власт во земјата не би можел да ја поддржам продажбата на оружје на Саудиска Арабија. Освен тоа војната во Јемен е излезена од контрола.“

„Ако власта во Саудиска Арабија биде во рацете на овој човек мислам дека ќе биде многу тешко да се работи со оваа земја, бидејќи тој е луд. Истовремено е опасен и ги доведува во опасност билатералните односи.“ - коментира Грахам.

Сенаторот Линдзи Грахам воедно нагласи дека доказите кои што постојат се „јасни“ и дека Конгресот треба да делува според тоа.

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка, по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во зградата на конзулатот.
 

 



Слични вести