Во вооружен напад во Индонезија загинаа 31 работник

31 работник кои работеле на изградбата на еден мост во планинскиот дел на областа Ндуга во провинцијата Папуа биле подложени на вооружен напад од страна на сепаратистичка вооружена група по име „Армија за национално ослободување на Западна Папуа

1100061
Во вооружен напад во Индонезија загинаа 31 работник

Во вооружен напад извршен од страна на една сепаратистичка вооружена група во провинцијата Папуа во западниот дел на Индонезија животот го загубија 31 работник.

Според веста на индонезискиот весник „Компас“, 31 работник кои работеле на изградбата на еден мост во планинскиот дел на областа Ндуга во провинцијата Папуа во недела биле подложени на вооружен напад од страна на сепаратистичка вооружена група која себе си се нарекува „Армија за национално ослободување на Западна Папуа“. 

Како што се вели во првиот извршен напад животот го загубиле 24 работници, по што осум работници избегале од местото на нападот и се засолнале во куќата на еден член на регионалниот парламент, меѓутоа вооружената група вчера извршила напад и на оваа куќа и убила 7 мина од 8-те работници.

Во веста воедно се вели дека еден од работниците успеал да избеге, меѓутоа засега не биле добиени информации за тоа каде се наоѓа моментално тој работник.

Засега не е објавено било какво соопштение во врска со причината за извршување на вооружениот напад.

Во областа Папуа која до 1963 година беше под контрола на Холандија, а потоа се приклучи кон териториите на Индонезија делуваат сепаратистички вооружени групи кои бараат независност.

 



Слични вести