Седници во француското Национално Собрание и Сенатот посветени на протестите на „Жолтите елеци“

Според објавеното писмено соопштение од француската влада, утре (во среда) во Националното Собрание, а задутре (во четврток) во Сенатот ќе се одржат седници посветени на протестите на „Жолтите елеци“

1099914
Седници во француското Национално Собрание и Сенатот посветени на протестите на „Жолтите елеци“

Француското Национално Собрание и Сенатот ќе одржат седници посветени на протестите на „Жолтите елеци“ кои бараат намалување на даноците за горивото и подобрување на економските услови, поради што од 17 ноември одржуваат масовни протести ширум земјата.

Според објавеното писмено соопштение од француската влада, утре (во среда) во Националното Собрание, а задутре (во четврток) во Сенатот ќе се одржат седници посветени на протестите.

Во соопштението исто така е споделена и информацијата дека утре францускиот премиер Едуард Филипе ќе прими делегација составена од претставници на „Жолтите елеци“.

Во меѓувреме, францускиот министер за економија Бруно Ле Мер истакна дека за да се одговори на барањата на „Жолтите елеци“ треба набрзина да се намалат даноците и јавните трошоци.

Министерот Ле Мер на одржаната прес-конференција во министерството говореше за мерките кои што би можеле да се преземат по протестите организирани од страна на „Жолтите елеци“ со намалување на даноците за горивото и подобрување на економските услови. 

Велејќи дека набрзина треба да се намалат даноците и јавните трошоци, Ле Мер нагласи дека владата е одлучна да напредува на тој пат.

Укажувајќи на тоа дека влијанието на протестите на „Жолтите елеци“ е „тешко“ врз економијата на земјата, Ле Мер напомена дека од оваа состојба се оштетени различни сектори.

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер привлече внимание дека штетата на фирмите за транспорт и логистика поради протестите изнесува приближно 400 милиони евра и дека исто така е доживеан пад во хотелските резервации во износ од 15 до 20 отсто.

Ле Мер подвлече дека поради протестите кои што продолжуваат некаде околу15 дена постојат загуби во прометот од 20 до 50 отсто и дека е забележан пад и во продажбите на Рено и Пежо.

Во меѓувреме, францускиот премиер Едуард Филипе по директива на претседателот Емануел Макрон остварува разговори со лидерите на опозиционите партии меѓу кои се наоѓаат и лидерот на екстремно десничарскиот Национален фронт Марин Ле Пен и лидерот на екстремно левичарското Движење „Непокорна Франција“ Жан-Лук Меленшон.

Претхотно француските опозициски партии ја обвинија владата дека дозволува насилство на протестите и се обидува да наштети на легитимитетот на „Жолтите елеци“.

Демонстрантите кои се организирани под името „Жолти елеци“ од 17 ноември  масовно излегуваат на улиците ширум Франција и протестираат против воведените дополнителни даноци на горивото од страна на владата.

Протестите со изнесување на уште поголеми барања против францускиот претседател Емануел Макрон и владата, прераснаа во бунт.

Во нередите до кои што дојде за време на протестите досега животот го загубија две лица, 1.043 лица се повредени од кои 222 припадници на безбедносните сили, а 1.424 лица се притворени. 

 



Слични вести