Откажана посетата на Јункер на Париз поради протестите на „Жолтите елеци“

Според добиени информации од извори на Комисијата на ЕУ, Жан-Клод Јункер се очекуваше да се обрати пред француското Национално Собрание, меѓутоа поради седницата во собранието посветена на „Жолтите елеци“ оваа испланирана програма е откажана

1099785
Откажана посетата на Јункер на Париз поради протестите на „Жолтите елеци“

Поради протестите на Жолтите елеци е откажана посетата на претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер на главниот град на Франција Париз, која беше испланирана за денеска.

Според добиени информации од извори на Комисијата на ЕУ, Јункер се очекуваше да се обрати пред француското Национално Собрание, меѓутоа поради седницата во собранието посветена на „Жолтите елеци“ оваа испланирана програма е откажана.

Како што се дознава, биле откажани и испланираните програми на Јункер во чии рамки освен неговото обраќање пред француското Национално Собрание се планираше да учествува и на вечера со францускиот претседател Емануел Макрон и да се состане со претседателот на француското Национално Собрание Ришар Феран.

Демонстрантите кои се организирани под името „Жолти елеци“ од 17 ноември  масовно излегуваат на улиците ширум Франција и протестираат против воведените дополнителни даноци на горивото од страна на владата.

Протестите со изнесување на уште поголеми барања против францускиот претседател Емануел Макрон и владата, прераснаа во бунт.

Во нередите до кои што дојде за време на протестите досега животот го загубија две лица, 1.043 лица се повредени од кои 222 припадници на безбедносните сили, а 1.424 лица се притворени. 

 



Слични вести