НАТО ја повика Русија итно да ги ослободи украинските бродови и морнари

Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во главНиот град на Белгија, Брисел, рече: „НАТО упатува отворен повик до Русија итно да ги ослободи украинските бродови и морнари“

1100469
НАТО ја повика Русија итно да ги ослободи украинските бродови и морнари

Генералниот секретар на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) Јенс Столтенберг упати повик до Русија да ги ослободи запленетите украински бродови и заробените морнари.

Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел, истакна дека меѓу главните точки на дневниот ред на состанокот ќе бидат затегнатоста помеѓу Русија и Украина, Договорот за уништување и забрана на производството на проектилите со кус и среден дострел (ИНФ), безбедносните закани кои што доаѓаат од Блискиот исток и Северна Африка, Авганистан и Западен Балкан.

Привлекувајќи внимание кон тоа дека однесувањата на Русија во последно време ја зголемуваат дестабилизацијата, Јенс Столтенберг напомена дека тоа особено повторно излезе на виделина со употребата на насилство во Азовското Море од страна на Русија со запленување на бродовите на Украина и приведување на украинските морнари.

Столтенберг рече: „НАТО упатува отворен повик до Русија итно да ги ослободи украинските бродови и морнари.“ 

Велејќи дека сојузиците на НАТО се загрижени и од новиот ракетен систем развиен од страна на Русија со кој што се прекршува Договорот за уништување и забрана на производството на проектилите со кус и среден дострел (ИНФ), генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг го повтори повикот кон Русија за транспарентно и верификувано придружување кон Договорот ИНФ

Руските воени бродови со образложение дека ги прекршиле територијалните води на Русија во близина на Керченскиот проток во Азовското Море, интервенираа на 3 украински воени бродови кои на 25 ноември во недела од украинското пристаниште Одеса отпловиле за пристаништето Мариупол.

Командата на поморските сили на Украина соопшти дека од бродот на крајбрежната стража на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) во близина на Керченскиот проток во Азовското Море бил отворен оган врз украинските воени бродови и дека притоа биле ранети 6 украински војници членови на екипажот, а воедно украинските воени бродови биле запленети од страна на руските специјални сили.

Потоа Украина, поради воената интервенција на руските воени бродови врз украинските воени бродови во близина на Керченскиот проток во Црното Море, прогласи воена состојба.

 



Слични вести