Гутерес со драматични предупредувања на 24-тата Конференција на ОН за климата

Во полскиот град Катовице започна 24-тата Конференција на Обединетите нации (ОН) за климата  на чие отворање говореше генералниот секретар на светската организација Антонио Гутерес кој упати драматични предупредувања до земјите членки

1099982
Гутерес со драматични предупредувања на 24-тата Конференција на ОН за климата

24-тата Конференција на Обединетите нации (ОН) за климата која што се одржува во градот Катовице на југот на Полска, започна со излагањата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес и полскиот претседател Андржеј Дуда.

Гутерес истакна дека без да се задоцни треба да се изнајдат брзи решенија за климатските промени, а воедно предупреди дека доколку се биде неуспешен во борбата против климатските промени, ќе продолжи топењето на ледот на половите, ќе дојде до зголемување на нивното на морињата и освен коралите ќе изумрат и голем број видови од живтинскиот свет во морињата.

Укажувајќи на тоа дека недостатокот од вода и загадувањето на воздухот предизвикани од глобалното затополување ќе станат причина за смртта на голем број луѓе, Гутерес нагласи дека овие развои за кои што станува збор ќе доведат особено до сериозни оштетувања на озонската обвивка.

Тој подвлече дека треба да се стави во примена Парискиот климатски договор и дека државите членки на Обединетите нации (ОН) сносат заедничка одговорност за ставање крај на „глобалниот климатски хаос“, по што рече: „Се уште фрламе многу мали и многу бавни чекори за стопирање на климатските промени“. 

Велејќи „Климатските промени стануваат причина за тешки проблеми и многу брзо напредуваат“, Гутерес своето излагање го продожи со следните зборови: „Затоа без да биде доцна треба да изнајдеме брзи решенија. За голем број земји, области и луѓе климатските промени уште од одамна се претворени во прашање од животно значење.“ 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес се осврна и на чекорите кои што ќе треба да бидат фрлени по прашањето на јаглеродните емисии и притоа нагласи дека до 2030 година јеглеродните емисии во светот треба да се сведат на околу 45 отсто, а во 2050 година треба да се цели кон нивно нивно целосно сведување на нула.

Полскиот претседател Андржеј Дуда исто така во своето излагање на отворањето на Конференцијата истакна дека значајно е земјите членки на Обединетите нации (ОН) да покажат дека се спреми за ставање во примена на Парискиот климатски договор.

Дуда привлече внимание дека на конференцијата која што ќе трае во текот на две недели треба да се подготви „брошура со правила“ со кои што ќе се обезбеди да се стави во примена Парискиот климатски договор.

На 24-тата Конференција на Обединетите нации (ОН) за климатските промени која што се одржува во полскиот град Катовице и која ќе трае во текот на две недели, освен шефови на држави и на влади од над 200 земји, учествуваат и над 20 илјади учесници.

На конференцијата ќе се разговара поготово за ставањето во примена на членовите од Климатскиот договор кои што беа усвоени во францускиот главен град Париз, во 2015 година.

Завршната декларација на 24-тата Конференција на Обединетите нации (ОН) за климатските промени ќе биде објавени на 14 декември.

 



Слични вести