Француската влада го суспендира за 6 месеци најавеното поскапување на горивото

Француската влада на крајот попушти пред масовните протести на „Жолтите елеци“ и соопшти дека го суспендира за 6 месеци најавеното поскапување на горивото

1100458
Француската влада го суспендира за 6 месеци најавеното поскапување на горивото

Францускиот премиер Едуард Филипе соопшти дека се суспендира (пролонгираат) за 6 месеци најавеното поскапување на горивото кое беше причина за протестите на „Жолтите елеци“.

Филипе во говорот што го одржа пред пратениците на Движењето Република во движење чиј основач е претседателот Емануел Макрон, истакна дека ги разбира гневот и тешкотиите кои што ги доживуваат Французите.

Велејќи дека има загинати и повредени во протестите и дека затоа треба да заврши насилството, Филипе напомена дека освен суспендирањето на поскапувањето на горивото е суспендирано за 6 месеци и поскапувањето на електричната струја и природниот гас.  

Протестите на „Жолтите елеци“ кои започнаа на 17 ноември како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на условите за живот во Франција, потоа прераснаа во најсилни протести во последните години во земјата. 

Мнозинството од демонстрантите го сочинуваат граѓани кои поради високите кирии во центарот на градовите живеат во периферните делови (руралните области) и од францускиот претседател Емануел Макрон бараат пред се да ги намали даноците на горивото и да ги подобри економските услови.

Во нередите до кои што дојде за време на протестите досега животот го загубија две лица, 1.043 лица се повредени од кои 222 припадници на безбедносните сили, а 1.424 лица се притворени. 

 



Слични вести