Завршна декларација на Г-20 во Аргентина: Светската трговска организација треба да се реформира

Во објавената завршна декларација на крајот на самитот на Г-20 во аргентинскиот главен град Буенос Аирес се привлекува внимание дека некои функции на Светската трговска организација (СТО) остануваат недоволни и дека истите треба да бидат реформирани

1099001
Завршна декларација на Г-20 во Аргентина: Светската трговска организација треба да се реформира

Во усвоената завршна декларација на крајот на лидерскиот самит на Г-20 што се одржа во текот на два дена во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, е нагласено  продолжувањето на меѓународниот поредок со придржување кон правилата.

Во декларацијата се истакнува дека обемно беа разгледани наслови како соработката за во иднина, инфраструктурата за развој, стратегијата за одржлива храна и половата еднаквост.

Во декларацијата претежно беше ставено акцент на меѓународниот економски поредок и беше укажано на значењето првенство да се биде сигурен во функционирањето на меѓународниот поредок придржувајќи се кон правилата.

Се привлекува внимание дека меѓународните трговски правила не треба да ги вовлечат земјите во неповолна состојба и дека некои функции на Светската трговска организација (СТО) остануваат недоволни и дека истите тие треба да бидат реформирани.

Во декларацијата се нагласува дека „нема враќање назад“ од Парискиот климатски договор и се укажува на значењето на неговата целосна примена и на борбата против климатските промени.

Во следниот член на завршната декларација пак, се истакнува дека САД стојат зад нивната одлука за повлекување од Парискиот климатски договор и се вели дека „со зачувување на животната средина“ ќе бидат искористени на најпродуктивен начин сите енергетски извори.

На тој начин беше прогласено дека само САД не се приклучуваат кон делот од завршната декларација во врска со климатските промени.

Освен тоа во декларацијата се нагласува дека остро се осудува секој вид на тероризам и дека се стои зад соопштението за борба против тероризмот кое беше објавено на самитот на Г-20 во Хамбург (Германија).

Во последниот член на завршната декларација пак, се истакнува дека следниот самит на Г-20 во 2019 година ќе се одржи во Јапонија, а самитот во 2020 година во Саудиска Арабија.

 



Слични вести