Путин и Меркел на остварената средба на Г-20 во Аргентина разговараа за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел на остварената средба во рамките на лидерскиот самит на Г-20 во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, разговараа за Сирија

1099024
Путин и Меркел на остварената средба на Г-20 во Аргентина разговараа за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа средба во рамките на лидерскиот самит на Г-20 во аргентинскиот главен град Буенос Аирес.

Двајцата лидери на средбата разговараа за Сирија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за новинарите дека Путин и Меркел на средбата се консултирале детално по прашањето на Сирија.

Песков рече: „Потврдија дека продолжуваат работите во врска со формирањето на Уставотворниот комитет под светлината на четворниот самит одржан во Истанбул и на разговорите во форматот од Астана.“

Нагласувајќи дека се „воздржано“ оптимисти во однос на формирањето на Уставотворниот комитет на Сирија, Песков рече: „Работите продолжуваат. Постои надеж за формирање на Уставотворниот комитет во најскоро време и за постигнување договор во однос на сите негови претставници.“

 



Слични вести