Неформална средба Трамп-Путин на самитот на Г-20 во Аргентина

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во рамките на самитот на Г-20 во Аргентина Буенос Аирес одржаа неформална средба

Неформална средба Трамп-Путин на самитот на Г-20 во Аргентина

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин остварија неформална средба за време на вечерата на лидерскиот самит на Г-20 во аргентинскиот главен град Буенос Аирес.

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во објавеното писмено соопштение во врска со средбата помеѓу Трамп и Путин го истакна следното: "Како што е случај на овие видови мултилатерални собири претседателот Трамп и првата дама (First Lady) на синоќешната вечера (во петок вечер) остварија низа неформални средби со голем број светски лидери, вклучувајќи го и претседателот Путин."

Од друга страна, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин и Трамп во рамките на Г-20 одржаа куса средба.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп поради тензијата помеѓу Русија и Украина ја откажа претходно испланираната официјална билатерална средба која што требаше да ја оствари со рускиот претседател Владимир Путин во Аргентина.

 



Слични вести