На протестот во Париз се притворени 115 лица, а 20 лица се повредени од кои 6 полицајци

Според вестите во францускиот печат, на денешниот протест во францускиот главен град Париз се притворени 115 лица и се повредени 20 лица од кои 6 полицајци

1098701
На протестот во Париз се притворени 115 лица, а 20 лица се повредени од кои 6 полицајци

Третиот бран протести на "Жолтите елеци" кои протестираат против поскапувањето на цените на горивото во Франција, започна со голем интензитет.

Беа одржани протести  во главниот град Париз и во голем број други градови ширум Франција на кои полицијата интервенираше врз демонстрантите со солзавец и водени топови.

Демонстрантите организирани под името "Жолти елеци" две недели како одржуваат протести низ цела Франција против покачувањето на цените на горивото од над 20 отсто во последната една година.

Денеска во францускиот главен град Париз демонстрантите формираа локација на состанување каде почнаа да се собираат уште од раните утрински часови.

Откако повеќе од 600 демонстранти се обидоа да ја преминат полициската барикада дојде до судири.

Полицијата интервенираше врз демонстрантите со солзавец и водени топови, додека демонстрантите запалија голем број места наоколу и фрлаа со камења и шишиња врз полицијата.

Како што се истакнува некои демонстранти за камуфлажа ги соблекле своите жолти елеци.

Според вестите во францускиот печат, на денешниот протест во францускиот главен град Париз се притворени 115 лица и се повредени 20 лица од кои 6 полицајци.

Францускиот премиер Едуард Филипе изјави дека на протестот во Париз учествуваа 5.500 демонстранти и дека полициските сили биле подложени на насилство.

Велејќи дека ги осудува насилствата за време на протестот, Филипе соопшти дека ги следи одблизу случувањата.

За време на протестот беа оштетени голем број работни места на познатите улици на Париз, а беа блокирани влезовите и излезите и на голем број складишта за гориво во цела Франција.

На авенијата Шанз-Елизе, од симболите на Париз, голем број ресторани, кафетерии и продавници беа затворени, поради протестот голем број  околни улици беа затворени за сообраќај и беа откажани метро линиите.

Поради безбедносни причини беа затворени за народот и театрите и музеите во околината на авенијата Шанз-Елизе.

Францускиот претседател Емануел Макрон извесно време како се критикува поради тоа што со реформите кои ги реализира од денот кога дојде на власт богатите ги направи уште побогати, а го отежна животот на луѓето со средни и ниски приходи.

Според една спроведена анкета во Франција, 84 отсто од Французите ги поддржуваат "Жолтите елеци".

 



Слични вести