Лидерите на Г-20 се состанаа во аргентинскиот главен град Буенос Аирес

Привремениот претседавач на самитот на Г-20 аргентинскиот претседател Маурисио Макри ги пречека лидерите со официјална церемонија

1098463
Лидерите на Г-20 се состанаа во аргентинскиот главен град Буенос Аирес
G 20 Argentina.jpg
g 20.jpg
erdoğan g20.jpg
arjantin g-20-2.jpg
arjantin g-20-3.jpg
arjantin g-20-1.jpg

Главниот град на Аргентина Буенос Аирес е домаќин на лидерскиот самит на Г-20.

Привремениот претседавач на Г-20 и претседател на Агентина Маурисио Макри гостите ги пречека на саемскиот простор Коста Салгуеро каде што се одржува самитот.

По дочекот лидерите учествуваа на состанокот на тема „Праведна и одржлива иднина“ што се одржа зад затворени врати.

По состанокот, домаќинот аргентинскиот претседател Маурисио Макри ги пречека лидерите со официјална церемонија.

Во оваа пригода претседателот Реџеп Тајјип Ердоган извесно време разговараше со својот аргентински колега Макри.

Потоа беше сликана семејна фотографија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред да започне првата седница на самитот водеше кус разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. 

За време на овој разговор беа присутни и портпаролот во кабинетот на претседателот Ибрахим Калин и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на своите билатерални средби на маргините на лидерскиот самит на Г-20 се состана со холандскиот премиер Марк Руте и кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Ердоган на просторот каде што се одржува самитот освен со чилеанскиот претседател Себастиан Пинера,  имаше средби и со бразилскиот претседател Мишел Темер и со британската премиерка Тереза Меј.

На сиве овие средби присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерката за трговија Рухсар Пекџан, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и шефот на одделот за комуникација во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун.

Лидерите и нивните сопруги потоа ја следеа приредената манифестација во историскиот театар Колон  (Colon Theatre).

Манифестацијата на која беа обработени теми како миграцијата, климата, етничката припадност и културните разлики, а воедно беше украсена со танцеви и музика, беше следена со заинтересираност од страна на лидерите на Г-20.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган потоа учествуваа на вечерата приредена во чест на лидерите на Г-20.

Пред вечерата лидерите и нивните сопруги заедно сликаа семејна фотографија.

Претседателот Ердоган ќе продолжи со билатералните средби со лидерите на останатите земји учесници на самитот на земјите од Групата 20 (Г-20), составена од 20 најразвиени земји во светот.

 



Слични вести