Започна лидерскиот самит на Г-20 во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес

Домаќинот и привремен претседавач на лидерскиот самит на Г-20 аргентинскиот претседател Маурусио Макри ги пречека гостите на саемскиот простор Коста Салгуеро каде што се одржува самитот

1098325
Започна лидерскиот самит на Г-20 во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес
g 20.jpg
erdogan arjantin'de.jpg
G 20 Argentina.jpg

Во главниот град на Аргентина Буенос Аирес започна лидерскиот самит на Г-20 кој што ќе трае во текот на два дена.

Домаќинот и привремен претседавач на самитот аргентинскиот претседател Маурусио Макри ги пречека гостите на саемскиот простор Коста Салгуеро каде што се одржува самитот.

По дочекот лидерите учествуваа на состанокот на тема „Праведна и одржлива иднина“ што се одржа зад затворени врати.

По состанокот, Макри ќе ги пречека лидерите со официјална церемонија и потоа ќе се слика семејна фотографија. 

По уводното излагање на домаќинот аргентинскиот претседател Маурусио Макри првата седница на самитот што ќе се одржи во три сесии ќе се одржи на тема „Луѓето да се постават на прво место, Глобална економија, Иднината на деловниот живот и зајакнувањето на жената“.

По одржувањето на првата седница лидерите ќе сотварат билатерални средби, а потоа ќе учествуваат на културната манифестација што ќе се одржи во историскиот театар Колон (Teatro Colon). Првиот ден од самитот ќе заврши со ручекот што ќе биде приреден во чест на лидерите на Г-20 и коктелот за делегатите.

Вториот и последен ден на самитот ќе започне со втората седница што ќе се одржи на тема "Постигнување консензус--Одржлив развој и климатска одржливост." По оваа седница за која што се очекува да трае еден и пол час, на третата и последна седница на самитот лидерите ќе направат проценка под насловот "Искористување на можностите-Иднината на инфраструктурата, енергијата и одржливата храна".

Самитот ќе заврши со потпишување на декларацијата на лидерите на Г-20 и со излагањето на јапонскиот премиер Шинзо Абе Г-20 2019 и завршниот говор на домаќинот аргентинскиот претседател Маурусио Макри.

На самитот кој што се следи од страна на над 3 илјади новинари ширум светот, учествуваат 19 лидери и 15 илјади лица меѓу кои се наоѓаат делегати и од Европската унија (ЕУ).

Во Буенос Аирес каде што се одржуваат безброј протести против Г-20, по повод самитот се преземени широки безбедносни мерки.

Во текот на самитот за безбедноста ќе се грижат над 20 илјади припадници на безбедносните сили, додека 6 области во Буенос Аирес се затворени за сообраќај.

Поради безбедносните мерки кои што влијаат и на колективниот превоз се доживуваат застои во превозот.

 



Слични вести