„САД нема да се воздржат да одговорат воено доколку Иран ги нападне нивните интереси во регионот“

Специјалниот претставник на САД за Иран Брајан Хук истакна дека САД нема да се воздржат да одговорат воено доколку Иран ги нападне нивните интереси во регионот

1097723
„САД нема да се воздржат да одговорат воено доколку Иран ги нападне нивните интереси во регионот“

Специјалниот претставник на САД за Иран Брајан Хук во Вашингтон учествуваше на панелот на тема „Поддршката во оружје на иранскиот режим на прокси групите и развојот со ракетите кој што продолжува“ каде што направи проценка во однос на активностите на Иран во регионот.

Хук истакна дека САД нема да се воздржат да одговорат воено доколку Иран ги нападне нивните интереси во регионот.

Велејќи дека е установено како групите кои војуваат во име на Иран употребуваат оружје од иранско производство во Јемен, Авганистан, Ирак и Саудиска Арабија, Хук нагласи дека расте заканата од Иран и дека доколку не се стапи во акција ќе дојде до зголемување на ризикот во регионот.

Брајан Хук наведе дека расте поддршката на Иран на тероризмот во светски рамки и оваа земја ја поткопува регионалната стабилност.

Укажувајќи на тоа дека групите поддржувани од Иран во изминатите месеци реализираа напад на конзулатите на САД во Басра и во други градови на Ирак, Хук рече: „Во случај Иран да ги нападне интересите на САД во регионот нема да се воздржуваме да одговориме воено.“

Специјалниот претставник на САД за Иран Брајан Хук истакна дека целта на управата на Трамп на Блискиот исток е сојузниците на САД да се сведат на позиција против Иран, а воедно велејќи дека Иран уште од 2007 година му пружа поддршка во оружје на Талибан во Авганистан, подвлече дека доколку властите во Техеран продолжат да даваат поддршка на тероризмот ќе се соочат со уште поголеми санкции.

 



Слични вести