Макрон за време на самитот на Г-20 во Буенос Аирес ќе се состане со принцот бин Салман

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на самитот на Г-20 што ќе се одржи на крајот на неделата во главниот град на Аргентина Буенос Аирес ќе се состане со саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман

1097708
Макрон за време на самитот на Г-20 во Буенос Аирес ќе се состане со принцот бин Салман

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека за време на самитот на Г-20 во Аргентина ќе се состане со саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман.

Макрон во главниот град на Аргентина Буенос Аирес каде што престојува во официјална посета и ќе учествува на самитот на Г-20 што ќе се одржи на крајот на неделата, одржа заеднички состанок за претставниците на печатот со аргентинскиот претседател Маурусио Макри.

Велејќи дека за време на самитот ќе разговара со европските лидери за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), Макрон посака да бидат расветлени сите вистини во врска со убиството.

Макрон напомена дека за време на самитот на Г-20 на 30 ноември (денеска) и 1 декември (утре) ќе оствари средба и со саудискиот престолонаследн принцот Мухамед бин Салман со кого ќе разговара за убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги).

„Посакувам да продолжи истрагата која што се води во Турција и Саудиска Арабија, случајот да се расветли и во овој процес да биде вклучена меѓународната заедница“, - рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон додаде дека приоритет по прашањето на Јемен пак, е брзото доставување на хуманитарната помош, завршувањето на војната и започнувањето на политичкиот процес во оваа земја. 

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 ноември беше жртва на ѕверско убиство во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

 



Слични вести