Асадовиот режим и неговите поддржувачи продолжуваат со нападите врз населените места кај Идлиб

Асадовиот режим и неговите поддржувачи странските териристички групи реализираа топовски напади на областите Џерџеназ и Тух во руралното подрачје на градот Идлиб во кои животот го загуби еден цивил, а тројца цивили се ранети

1097547
Асадовиот режим и неговите поддржувачи продолжуваат со нападите врз населените места кај Идлиб

Во нападите на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи странските териристички групи врз цивилните населени места во подрачјето на градот Идлиб кои што продолжуваат да се реалзиираат и покрај постигнатиот компромис во Сочи за зачувување на прекинот на огнот, како последно животот го загуби еден цивил, а тројца цивили се ранети.

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран и денеска реализираа напад врз цивилните населени места во подрачјето на градот Идлиб кое се наоѓа во границите на областа за намалување на затегнатоста и кое во согласност со постигнатиот компромис од Сочи е демилитаризирано.

Според добиени информации од извори за цивилна одбрана во Идлиб, Асадовиот режим и неговите поддржувачи реализираа топовски напади на областите Џерџеназ и Тух во руралното подрачје на градот Идлиб.

Во нападите животот го загуби еден цивил, а тројца цивили беа ранети.

Во режимските напади кои што се реализираат врз подрачјето на градот Идлиб по потпишувањето на спогодбата од Сочи на 17 септември помеѓу Турција и Русија, досега животот го загубија вкупно 33 цивили, а голем број се ранети.

Во период додека продолжуваат нападите на режимските сили, воените опозиционери согласно постигнатиот компромис во Сочи  на 10 октомври го повлекоа тешкото оружје од демилитаризираната зона во подрачјето на градот Идлиб.

 



Слични вести