Во Грузија се одржуваат претседателски избори

На првиот круг на гласањето кандидатот Саломе Зурабишвили кој е подржан од страна на Владата освои 38,64 насто

1096355
Во Грузија се одржуваат претседателски избори

Во Грузија се одржува вториот круг на претседателски избори.

По првиот круг на претседателските избори што се одржа на 28 октомври, денес во 08.00 часот според локално време започна вториот круг на гласањето на граѓаните за новиот претседател.

Гласачките кутии во земјата се планира да се затворат во 20.00 часот, а веднаш потоа ќе се премине на броењето на гласачките ливчиња.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Централната изборна комисија на Грција, во земјата се регистрирани 3 милиони 528 илјади 658 гласачи.

Изборите во Грузија се следат од страна на над 1300 меѓународни организации.

На првиот круг на гласањето кандидатот Саломе Зурабишвили кој е подржан од страна на Владата освои 38,64 насто додека кандидатот на опозицијата Григол Вашадзе 37,74 насто.



Слични вести