Во Астана започна 11-тата рунда од преговорите за Сирија

11-тата рунда од преговорите за Сирија во казахстанскиот главен град Астана започнаа со билатерални средби во чии рамки првата средба се одржува помеѓу претставниците на Русија и претставниците на режимот на Бешар Асад

1096761
Во Астана започна 11-тата рунда од преговорите за Сирија

Во главниот град на Казахстан, Астана започна 11-тата рунда од состаноците на земјите гарантори посветени на Сирија.

Разговорите започнаа со билатерални средби во чии рамки првата средба се одржува помеѓу претставниците на Русија и претставниците на режимот на Бешар Асад.

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александар Лаврентиев во изјавата што ја даде пред да средбата истакна дека ќе се разговара за прашања како што се Уставотворниот комитет, ситуацијата во Идлиб, проблемите на бегалците и борбата против тероризмот.

Како додаток на тоа во текот на денот се очекува дго одржи својот 6-ти состанок и работната група која што беше формирана за ослободување на приведените, притоа се очекува да се разгледа „пилот проектот“ кој што беше реализиран на крајот на минатата недела и беа меѓусебно ослободени по 10 лица. 

Според добиени информации од опозициски извори, опозиционерите предводени од поранешниот премиер на сириската преодна влада Ахмет Тума на разговорите со Русија и Обединетите нации (ОН) особено ќе го нагласат прашањето дека не е создадена поволна средина за враќање назад на бегалците во своите домови и за повторната изградба на земјата, како и тоа дека апсењата на режимот продолжуваат.

Русија на претодната рунда од преговорите ги постави на дневен ред наведените две прашања.

Според добиени информации од извори кои учествуваат на преговорите, турската делегација ќе се состане со опозиционерите, а ќе оствари билатерални средби и со претставниците на Русија и на Иран.

Гаранторските земји пред главната седница што ќе се одржи утре, денеска ќе се состанат и на тројна средба.

 



Слични вести