Русија уапси 7 украински војници, членови на екипажот на запленетите украински воени бродови

Рускиот суд во Крим со образложение дека ги прекршиле територијалните води на Русија им изрече затвор од два месеци на 7 војници, членови на екипажот на украинските воени бродови со кои на 25 ноември беше доживеан инцидент во Керченскиот проток

1096193
Русија уапси 7 украински војници, членови на екипажот на запленетите украински воени бродови

Рускиот суд донесе одлука за апсење на 7 војници, членови на екипажот на украинските бродови кои беа запленети од страна на руските безбедносни сили во Керченскиот проток.

Руските воени бродови притворија 24 украински војници, членови на екипажот на украинските воени бродови кои беа запленети по инцидентот што се случи во недела во Керченскиот проток во Црното Море.

Според веста на руската новинска агенција „Риа“, рускиот суд во Крим со образложение дека ги прекршиле територијалните води на Русија им изрече затвор од два месеци на 7 војници, членови на екипажот на украинските воени бродови. 

Судењето на останатите 17 украински војници продолжува.

Руските воени бродови на 25 ноември во близина на Керченскиот проток во Црното Море тврдејќи дека ги прекршиле територијалните води на Русија, интервенираа со отворање оган врз украинските воени бродови и притоа беа притворени 24 војници членови на екипажот, а три украински воени бродови беа запленети.

 



Слични вести