Песков: Не очекуваме да дојде до откажување на средбата помеѓу Трамп и Путин во Аргентина

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави во Москва дека не очекуваат да дојде до откажување на средбата помеѓу Трамп и Путин во аргентинскиот главен град Буенос Аирес

1096739
Песков: Не очекуваме да дојде до откажување на средбата помеѓу Трамп и Путин во Аргентина

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во Москва направи проценка на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп околу тоа дека поради затегнатоста во Керченскиот проток би можел да ја откаже предвидената средба со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г-20 во Аргентина. 

Песков истакна дека не очекуваат да дојде до откажување на средбата помеѓу Трамп и Путин во аргентинскиот главен град Буенос Аирес.  

Потсетувајќи дека Трамп затегнатоста до која што дојде во Керченскиот проток ја окарактеризира како „агресивност“, Песков рече: „Овие изјави ги забележавме, меѓутоа значајно е што дефинира како агресивност. Ако зборува за акциите на руските погранични сили не се приклучуваме кон тоа.“

Песков направи проценка и на планираната средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на претстојниот самит на Г-2о во Буенос Аирес, во Аргентина, во врска со што рече: „Продолжуваат нашите подтотовки во врска со средбата што ќе се оствари помеѓу двајцата лидери. По ова прашање не пристигна одредена друга информација до нас од Вашингтон.“

 



Слични вести