Израелските војници притворија 16 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во синоќешните реализирани операции во различни области на Западниот Брег со тврдење дека „се замешани во терористички акции“ биле притворени 16 Палестинци

1096514
Израелските војници притворија 16 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелските војници приворија 16 Палестинци на окупираниот Западен Брег.

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во синоќешните реализирани операции во различни области на Западниот Брег со тврдење дека „се замешани во терористички акции“ биле притворени 16 Палестинци. 

Во соопштението се истакнува дека притворените Палестинци биле испратени на сослушување во центарот за притвор во областа.

Израелските сили често реализираат упади по куќите на Палестинците во окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим и под различни тврдења и изговори ги притвораат Палестинците.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат приближно 6 илјади 500 Палестинци.

Освен тоа Изарел со применувањето наречено „административен притвор“ согласно добиените разузнавачки информации може да ги држи во притвор Палестинците во времетраење од 1 до 6 месеци.

Така доколку се одлучи дека приведениот „претставува закана за безбедноста на Израел“ воениот судија без изнесување и на одредено обвинение за сторено кривично дело времетраењето на притвор може да го продолжи и до 5 години.

 



Слични вести