Украина воведе 30 дневна вонредна состојба
Согласно декретот на претседателот Порошенко изгласан со гласовите на 276 пратеници од вкупно 330 пратеници во Парламентот, воената состојба ќе стапи во сила на 28 ноември во среда во 09:00 часот по локално време и ќе трае во текот на 30 дена

Парламентот на Украина го одобри декретот на претседателот Петро Порошенко кој предвидуваше воведување на 30 дневна воена состојба во земјата.
Согласно декретот изгласан со гласовите на 276 пратеници од вкупно 330 пратеници во украинскиот Парламент, воената состојба во земјата ќе стапи во сила на 28 ноември во среда во 09:00 часот по локално време и ќе трае во текот на 30 дена.
Согласно воената состојба која што ќе стапи во сила во земјата, вклучувајќи ги и пограничните области со Русија и Трансдњестар, ќе може да се оди на ограничувања во врска со некои фундаментални права и слободи во 11 одделни членови на уставот.
Меѓу членовите кои можат да бидат ограничени се наоѓаат и правото на неповредливост на домот, слободата на комуникација и информација, неповредливост на животот на поединецот и семјството, слободата на изразување и размислување, правото на избори и референдум, правата на митнг, протест и економските права и образованието.
Руските воени бродови со образложение дека ги прекршиле руските територијални води во близина на Керчкиот проток во Азовското Море интервенираа на 3 украински воени бродови кои на 25 ноември во недела од украинското пристаниште Одеса отпловиле за пристаништето Мариупол.
Веднаш по ваквиот развој на настаните украинскиот претседател Петро Порошенко го свика Советот за национална безбедност и одбрана и го потпиша декретот за воведување воена состојба во земјата.
Потоа овој декрет беше изгласан и во украинскиот Парламент.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји