Трамп: Ќе работиме заедно со Европа за намалување на руско-украинската тензија

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека за намалување на тензијата помеѓу Русија и Украина неговата земја ќе работи заедно со Европа

1095523
Трамп: Ќе работиме заедно со Европа за намалување на руско-украинската тензија

Американскиот претседател Доналд Трамп во дадената изјава во врска со отворениот оган од страна на руските воени бродови врз украинските воени бродови во Керченскиот проток во Азовското Море истакна дека за намалување на тензијата помеѓу Русија и Украина неговата земја ќе работи заедно со Европа.

Трамп рече: „Во никоја смисла не посакуваме да дојде до она што се случува и се надевам дека (проблемите) ќе се реши. Знам дека не е многу задоволна од тоа и Европа. Работат на прашањето. По прашањето работиме сите заедно.“

Руските воени бродови со образложение дека ги прекршиле руските територијални води во близина на Керченскиот проток во Азовското Море, интервенираа на 3 украински воени бродови кои на 25 ноември во недела од украинското пристаниште Одеса отпловиле за пристаништето Мариупол.



Слични вести