Советот за безбедност на ОН се состана за украинско-руската тензија во Керченскиот проток

Советот за безбедност на ОН го одби предлогот на Русија за свикување итна седница под насловот „прекршување на нејзините граници“ се состана под насловот „Руско-украинската тензија во Азовското Море“

1095444
Советот за безбедност на ОН се состана за украинско-руската тензија во Керченскиот проток

Постојаниот претставник на Украина во Обединетите нации (ОН) Володимир Јелченко пред седницата на Советот за безбедност посветена на тензијата помеѓу Русија и Украина во Керченскиот проток во Азовското Море даде изјава за новинарите.

Притоа украинскиот постојан претставник Јелченко упати повик за зголемување на санкциите против Русија.

Володимир Јелченко рече: „Треба да се зголемат санкциите против Русија. Тоа е единствениот пат, бидејќи Русија не се разбира од друг јазик.“

По затегнатоста до која што дојде со Украина во Азовското Море, Русија го повика Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на итна седница.

На 25 декември, во недела, руските воени бродови и украинските воени бродови дојдоа едни наспроти други во Азовското Море и со тврдење дека влегле во руските територијални води воените бродови на Русија интервенираа на украинските воени бродови.

Командата на поморските сили на Украина соопшти дека од бродот на крајбрежната стража на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) кај Керчкиот проток во Азовското Море бил отворен оган врз украинските воени бродови и дека притоа биле ранети 6 украински војници членови на екипажот, а воедно украинските воени бродови биле запленети од страна на руските специјални сили.

Во меѓувреме, по растечката тензија на повикот на Русија Советот за безбедност на ОН одржа итна седница.

Меѓутоа, поради тоа што Русија не можеше да ја добие неопходната поддршка на 9 земји во Советот за безбедност составен од вкупно 15 земји членки, предлогот на Русија за одржување итна седница поради „прекршување на нејзините граници“ беше одбиен и Советот се состана под насловот „Руско-украинската тензија во Азовското Море“.

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Ники Хејли во изјавата што ја даде во име на нејзината земја, Велика Британија, Холандија, Полска и Шведска истакна дека ги поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и рече дека „руските провокации нема да се постават на дневен ред под насловот 'прекршување на нејзините граници' туку ќе се разговара за попогоден дневен ред“.

Велејќи дека  Русија со немарност ја зголеми тензијата на крајот на неделата, Хејли рече: „Русија со попречување на легитимниот премин на Украина преку Керченскиот проток го прекршува меѓународното право. Оваа арогантна акција треба да се осуди од страна на меѓународната заедница и апсолутно не треба да се прифати.“

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации (ОН) Дмитриј Пољански пак, ја обвини Украина за прекршување на меѓународното право и рече: „Мошне е отворено дека оваа провокација е однапред планирана и дека е поддржувана од страна на Западните земји.“ 

Пољански  додаде дека Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) „не треба да ја преземе одговорноста на опасните акции на Украина“.

 

 



Слични вести