Путин изрази загриженост поради прогласената вонредна состојба во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во остварениот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека неговата земја чувствува загриженост поради прогласената вонредна состојба во Украина

1095841
Путин изрази загриженост поради прогласената вонредна состојба во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во телефонскиот разговор Путин истакна дека неговата земја чувствува загриженост поради прогласената вонредна состојба во Украина.

Во објавеното писмено соопштение од прес-центарот на Кремљ се истакнува дека двајцата лидери Путин и Меркел оствариле телефонски разговор поради затегнатоста помеѓу Русија и Украина во Керченскиот проток.

Во телефонскиот разговор, рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за прекршување на меѓународното право и рече: „Чувствуваме длабока загриженост поради тоа што е прогласена вонредна состојба во Украина и армиите се поставени во состојба на готовс за војна.“ 

Во разговорот остварен на иницијатива на Германија, рускиот претседател Владимир Путин ја изнесе следната констатација: „Се надеваме дека Германија ќе ја убеди управата во Киев и ќе се спречи Украина да донесе избрзани одлуки.“

Поради вооружената интервенција на руските воени бродови врз украинските воени бродови во близина на Керченскиот проток во Црното Море синоќа Украина воведе воена состојба во земјата.



Слични вести