Поддршка од НАТО на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „НАТО со сите свои членки го поддржува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Ја повикуваме Русија што поскоро да ги ослободи запленетите бродови и војници на Украина.“

1095562
Поддршка од НАТО на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на одржаната прес-конференција по вонредниот состанок на Комисијата НАТО-Украина што се одржа во белгискиот главен град Брисел истакна дека Алијансата го поддржува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.

Столтенберг рече: „НАТО со сите свои членки го поддржува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Ја повикуваме Русија што поскоро да ги ослободи запленетите бродови и војници на Украина.“

Привлекувајќи внимание дека случувањата помеѓу Русија и Украина се крајно „сериозни“, Јенс Столтенберг рече: „Не постои оправдување за употребата на воена сила врз украинските бродови.“

Беше истакнато дека на 25 ноември руските воени бродови и украинските воени бродови дојдоа едни наспроти други во Азовското Море и дека притоа руските воени бродови со тврдење дека ги прекршиле руските територијални води во близина на Керченскиот проток интервенираа на 3 украински воени бродови кои од украинското пристаниште Одеса отпловиле за пристаништето Мариупол.

 



Слични вести