Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди провинцијата Керманшах во Иран

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер и со епицентар на длабочина од 7 километри под површината на земјата во руралното подрачје Серпол Зехаб во провинцијата Керманшах според последни информации се повредени вкупно 646 лица

1094760
Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди провинцијата Керманшах во Иран

Бројот на повредените во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што ја погоди провинцијата Керманшах во Иран во близина на границата  со Ирак се зголеми на 646 лица, додека по главниот удар се евидентирани 148 последователни потреси.

Во веста објавена на иранската државна телевизија ослонувајќи се на информации од Универзитетот за медицински науки во Керманшах, се истакнува дека во земјотресот се повредени вкупно 646 лица од кои 290 во Серпол Зенаб, во Гиланигарб 170 лица, Касри Ширин 109, Западен Исламабад 54 и во останатите делови на провинцијата Керманшах 23 лица.

Во објавеното соопштение од Сеизмолошкиот центар на Институтот за геофизика при Техеранскиот универзитет се вели дека по главниот потрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер дошло до 148 последователни потреси од кои 7 биле со јачина од 4 до 5,5 степени.  

Заменик гувернерот на Керманшах Мехрдад Салари изјави дека во земјотресот ниту една куќа не била целосно срушена и немало загинати.

Меѓутоа поради последователните потреси и страв народот во погоденото подрачје ноќта ја поминаа во шатори обезбедени од страна на иранската Црвена полумесечина и надвор на улица.

Првиот потпретседател на Иран Исхак Џихангири оствари телефонски разговор со претседателот на Институцијата за управување со кризи Исмаил Наџар и со гувернерот на Керманшах Хушенг Базвенд до кои ја издаде дирекцијата да бидат мобилизирани сите можности за обезбедување на потребите на народот во погоденото подрачје.

Во објавеното соопштение од Сеизмолошкиот центар на Институтот за геофизика при Техеранскиот универзитет претходно беше истакнато дека во 20:07 часот по локално време се случи земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер и дека епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 7 километри под површината на земјата во руралното подрачје Серпол Зехаб во провинцијата Керманшах. 

 



Слични вести