Во немирите за време на протестите во Париз се притворени 101 лице

Во објавеното соопштение од Дирекцијата на полицијата се истакнува дека за време на немирите завчера улицата Шанз-Елизе во главниот град Париз беа притворени 101 лице

1094638
Во немирите за време на протестите во Париз се притворени 101 лице
fransa paris.JPG
fransa
fransa.JPG
fransa
fransa paris.JPG
fransa.JPG

Во немирите до кои што дојде за време на протестите против поскапувањето на цените на горивото во главниот град на Франција Париз се притворени 101 лице.

Во објавеното соопштение од Дирекцијата на полицијата се истакнува дека за време на немирите завчера улицата Шанз-Елизе во главниот град Париз беа притворени 101 лице.

Демонстрантите кои протестираа против воведените дополнителни даноци за горивото почнувајќи од 17 ноември од страна на француската влада и кои се организираа под името „Жолти елеци“, одржаа протести и завчера во различни градови на Франција на чело со главниот град Париз. 

Полицијата интервенираше врз демонстрантите кои предизвикуваа штета на улицата Шанз-Елизе која се наоѓа меѓу симболите на Париз и вршеа насилство.

Полицијата интервенираше со солзавец и водени топови врз демонстрантите кои предизвикаа штети на улицата и наоколу каде што запалија и голем број места.

Група демонстранти за да ја спречат интервенцијата на полицијата поставија барикади и ги откорнаа камењата на улицата. Воедно фрлаа со шишиња и камења врз полицијата. 

Откако демонстрантите ја покачија тензијата и почнаа да вршат насилство француските безбедносни сили интервенираа остро.

Од улицата Шанз-Елизе и околните улици се издигна пламен и чад.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер соопшти дека на приближно 1.600 протести кои што беа одржани во земјата учествуваа 106 илјади лица.

 



Слични вести