Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 18 полицајци

Потпретседателот на градскиот совет на Фарах Дадулах Кани истакна дека талибански милитанти поставиле заседа на полициски конвој кој од центраот на Фарах патувал за населеното место Лаш Џавин

1095052
Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 18 полицајци

Во реализиран напад од страна на талибанските милитанти врз полициски конвој во провинцијата Фарах во Авганистан животот го загубија 18 полицајци меѓу кои и началникот на полицијата во населеното место Лаш Џавин Мухамед Икбал.

Потпретседателот на градскиот совет на Фарах Дадулах Кани истакна дека талибански милитанти поставиле заседа на полициски конвој кој од центраот на Фарах патувал за населеното место Лаш Џавин. 

Велејќи дека во нападот загинале 18 полицајци, Кани додаде дека меѓу загинатите се наоѓа и началникот на полицијата во населеното место Лаш Џавин Мухамед Икбал.

Во објавеното соопштение од Талибан пак, се тврди дека во нападот загинале 25 полицајци.



Слични вести