Тереза Меј: Парламентот на Велика Британија за договорот за Брегзит ќе гласа пред Божиќ

Британската премиерка Тереза Меј истакна дека Парламентот на Велика Британија за договорот за Брегзит (излез на Велика Британија од ЕУ) ќе гласа пред Божиќ

1094621
Тереза Меј: Парламентот на Велика Британија за договорот за Брегзит ќе гласа пред Божиќ

Британската премиерка Тереза ​​Меј по лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) во Брисел одржа состанок за претставнците на печатот каде што истакна дека е дојдено крајот на еден долг и тежок процес и дека до овој момент негираше да шири безнадежност по прашањето на постигнување соодветен договор со Брисел.

Меј истакна дека Парламентот на Велика Британија за договорот за Брегзит (излез на Велика Британија од ЕУ) ќе гласа пред Божиќ.

Велејќи дека во наредниот процес ќе му објасни на британскиот народ што значи овој договор, Меј рече: „Договорот првенствено значи контрола на границите. На тој начин ќе ставиме крај на слободното движење. Како второ договорот значи контрола на нашите пари. Веќе не мораме да плаќаме големи суми пари за ЕУ. Нашите пари ќе се трошат во правец на приоритетите на Британија. Како трето пак нема да бидеме подложени на одлуките на Европскиот суд на правдата.“

Привлекувајќи внимание на тоа дека сето тоа е во интерес на Велика Британија, Меј напомена дека нејзината земја ќе биде независна и од заедничките политики на Европската унија (ЕУ) посветени на земјоделството и рибарството.

„Не чувствувам жалење поради одделувањето на Велика Британија од Европската унија ЕУ)“ - констатира Меј.

Осврнувајќи се на тоа дека договорот ги заштитува интересите и на граѓаните на ЕУ во Велика Британија, Тереза Меј нагласи дека спогодбата за Брегзит ќе ја зголеми безбедносната соработка со Унијата.

Таа рече: „Нема да се применува физичка граница помеѓу Северна Ирска и Република Ирска. Овој договор ќе го опфаќа целото семејство Обединето Кралство, вклучувајќи го и Гибралтар.“ 

Укажувајќи на тоа дека гласањето за Брегзит ќе биде едното од назначајните гласања во историјата на Парламентот, Меј рече: „Британскиот Парламент за договорот за Брегзит ќе гласа пред Божиќ (25 декември). Ако договорот не биде прифатен не чека неизвесност.“

Британската премиерка Тереза Меј нагласи дека договорот е најдобриот меѓу алтернативите и рече: „Не го поддржувам вториот референдум во Британија. Очекувам членовите на Парламентот да го почитуваат резултатот од референдумот.“

  



Слични вести