Повик од НАТО за воздржаност и деескалација на тензијата во Азовското Море

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску рече: „Ги следиме одблизу случувањата околу Кречкиот проток во Азовското Море. Во комуникација сме и со украинските функционери. Упатуваме повик за воздржаност и деескалација на тензијата.“

1095164
Повик од НАТО за воздржаност и деескалација на тензијата во Азовското Море

НАТО соопшти дека ги следи одблизу случувањата околу Кречкиот проток во Азовското Море и упати повик за воздражност.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску во објавеното соопштение по прашањето го истакна следното: „Ги следиме одблизу случувањата околу Кречкиот проток во Азовското Море. Во комуникација сме и со украинските функционери. Упатуваме повик за воздржаност и деескалација на тензијата.“ 

Потсетувајќи дека НАТО силно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина како и слободната пловидба во нејзините територијални води, Лунгеску рече: „Упатуваме повик до Русија согласно меѓународното право да обезбеди непречен пристап до украинските пристаништа во Азовското Море.“

Лунгеску појасни дека на самитот на лидерите на НАТО што се одржа во јули во Брисел беше повторена поддршката на Алијансата на Украина и потсети дека активностите на Русија за милитаризација на Крим, Црното Море и Азовското Море претставуваат закана за независноста на Украина. 

Претходно беше истакнато руските воени авиони и украинските воени авиони дојдоа едни наспроти други во Азовското Море и дека руските воени бродови со тврдење дека влегле во руските територијални води интервенираа врз воените бродови на Украина.

 



Слични вести