Повик од Германија до Украина и Русија за намалување на тензијата

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека случувања во Азовското Море уште еднаш покажаа оти треба да се решат прашањата помеѓу Украина и Русија и ги повика и двете земји да ја намалат тензијата

1095251
Повик од Германија до Украина и Русија за намалување на тензијата

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас кој престојува во официјална посета на Шпанија оттука упату повик до Украина и Русија за намалување на тензијата поради случувањата во Азовското Море.

Мас рече: „Случувањата во Азовското Море се мошне загрижувачки. Не може да се прифати блокадата на Русија (на влезот на Азовското Море).“

Велејќи дека овие случувања уште еднаш покажаа оти треба да се решат прашањата помеѓу двете земји, Мас упати повик и до двете страни за намалување на тензијата. 

Вчера во утирнските часови руските воени бродови и украинските воени бродови дојдоа едни наспроти други во Азовското Море и притоа руските воени авиони тврдејќи дека влегле во руските територијални води интервенираа врз украинските воени бродови.

Командата на поморските сили на Украина соопшти дека од бродот на крајбрежната стража на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) кај Керчкиот проток во Азовското Море бил отворен оган врз украинските воени бродови и дека притоа биле ранети 6 украински војници членови на екипажот, а воедно украинските воени бродови биле заземени од страна на руските специјални сили.

 



Слични вести