Порошенко со поддршка на предлогот за воведување воена состојба во земјата

Украинскиот претседател Петро Порошенко истакна дека го поддржува предлогот за воведување воена состојба во земјата поради вооружената интервенција на руските воени бродови на украинските воени бродови во Азовското Море

1095095
Порошенко со поддршка на предлогот за воведување воена состојба во земјата

Украинскиот претседател Петро Порошенко во говорот што го одржа на состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина истакна дека предлогот за воведување на воена состојба во земјата ќе биде доставен до Парламентот.

Порошенко напомена дека го поддржува предлогот за воведување воена состојба во земјата поради вооружената интервенција на руските воени бродови на украинските воени бродови во Азовското Море.

Тој рече: „Донесувам одлука за поддршка на предлогот за премин кон воена состојба. За тоа ќе се достави предлог до украинскиот Парламент.“

Велејќи дека одлуката за која што станува збор нема да содржи мобилизација, но ќе се донесе со цел да се биде во состојба на готовс, Порошенко привлече внимание дека со воената состојба нема да бидат ограничени и правата и слободите на граѓаните.

Во украинскиот печат беше истакнато дека одлуката за воведување на воена состојба за која што ќе се гласа во Парламентот ќе трае 60 дена.

Руските воени авиони отворија оган на украинските воени бродови во Азовското Море, по што се состана Воениот комитет во Украина, а потоа беше донесена одлука за состанување на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за донесување на одлука за воведување на воена состојба. 

 



Слични вести