Лавров за затегнатоста во Керчкиот проток во Азовското Море ја обвини Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за затегнатоста во Керчкиот проток во Азовското Море ја обвини Украина

1095252
Лавров за затегнатоста во Керчкиот проток во Азовското Море ја обвини Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во Москва дека не се загрижени поради санкциите кои што би биле спроведени против Русија поради затегнатоста со Украина во Азовското Море. 

Наведувајќи дека украинските бродови презентирале провоцирачки начини на однесување на руската граница, Лавров рече: „Украинските бродови презентираа начини на однесување со кои што можат да  ја доведат во ризична состојба нормалната пловидба во Азовското Море и Црното Море.

Обвинувајќи ја украинската управа за присутната затегнатост во Керчкиот проток, Лавров во продолжение истакна: „Отворено стои дека доживеаните настани се провокација која што е применувана со директно издадена наредба од страна на властите на Украина. Украинската страна при планирање на оваа акција се надеваше дека ќе обезбеди некои добивки од САД и Европа.“

Алудирајќи и на претседателските избори кои што ќе се одржат во Украина во март, Лавров рече: „Го повикуваме Западот да ги смири оние кои пред изборите се во потрага по политички резултат.“

Во меѓувреме, украинскиот претседател Петро Порошенко поради случувањата ја обвини Русија за агресивност и рече: „За жал Русија не знае што е црвена линија. Додека напите бродови пловеа нормално по својата рута беа подложени на нападот на Русија.“

Од друга страна се истакнува дека поради затегнатоста во Керчкиот проток Русија го повикала во министерството за надворешни работи вршителот на должноста амбасадор на Украина во Москва.  

 



Слични вести