Русија реализира воздушна операција во подрачјето на Идлиб, во Сирија

Русија тврдејќи дека една опозициска група во демилитаризираната зона во подрачјето на градот Идлиб извршила хемиски напад врз градот Алепо реализира воздушна операција врз оваа група

1094616
Русија реализира воздушна операција во подрачјето на Идлиб, во Сирија

Русија тврдејќи дека извршиле хемиски напад во градот Алепо погоди со воздушна операција некои групи во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

Официјална Москва соопшти дека Турција била информирана пред операцијата.

Русија тврдеше дека една опозициска група во демилитаризираната зона во подрачјето на градот Идлиб извршила хемиски напад врз градот Алепо.

Потоа во утринските часови (во недела) реализира воздушна операција на областа.

Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков рече: „Како резултат на воздушните напади милитантите се елиминирани. Турската страна беше однапред предупредена преку линијата за итна комуникација.“

Русија и режимот на Бешар Асад тврдеше дека нападот со хемиско оружје бил извршен со хаубица.

Спротивно на изјавата на Русија од чија страна беше бомбардирана линијата на Слободната сириска армија (ССА), не е можно да се извршни хемиски напад со хаубици бидејќи хаубиците не се оспособени за претворање на течната хемиска супстанца во гасна.  

Затоа хемиските напади се реализираат со авиони или со ракети од долг или мал дострел.

Инаку, сириските опозиционери и цивилната одбрана претходно предупредија дека сирискиот режим и Русија планираат да го прекршат прекинот на огнот во Идлиб и да започнат напад врз областа на намалување на затегнатоста и дека за тоа се подготвуваат сценарија со кои опозиционерите ќе се обвинуваат за употреба на хемиско оружје.

 



Слични вести